Индија прогласи највисок степен на тревога пред налетот на силен циклон

Од:

Индија прогласи највисок степен на тревога пред денешниот налет на силен циклон на источниот брег на земјата и од тоа подрачје евакуираше повеќе стотина илјади луѓе.

Циклонот „Фаилин“ се приближува со брзина од дури 240 километри на час и има потенцијал да биде најголемата бура во тоа подрачје во последните 14 години, која ќе го крене нивото на морето за три метри.

Силниот ветер и обилните дождови веќе ги погодија индиските сојузни држави Ориса и Андра Прадеш, каде дрвјата под налетите на ветрот се кршат неколку часови пред „Фаилин“ со својата сила да удри на копното.

Циклонот најверојатно ќе го погоди сиромашното крајбрежно подрачје, кое тешко беше погодено во 1999 година, кога загинаа повеќе од 8.000 лица и настрадаа 445.000 грла стока.

 

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати