Индија: Продолжуваат протестите против законот за државјанство

Од:

Повеќе илјади студенти, уметници и писатели денеска протестираа во индиската престолнина Њу Делхи и североисточната држава Асам поради новиот закон за државјанство, воведен од Владата.

Во Гаухати, главниот град на Асам, демонстрантите пееле патриотски песни повикувајќи на единство, цртале на платно и изработувале скулптури.

Протестот е организиран од студентското здружение Ал Асам, Здружението на уметници Гаухати и уметничката организација Сару Кала Паришад.

Откако пред две недели е усвоен законот за државјанство, избија масовни протести ширум земјата, најголеми во Утар Прадеш, Карнатака и Асам, при што загинаа 23 лица.

Индискиот премиер Нарендра Моди го бранеше законот нарекувајќи го „хуманитарен гест“ кон бегалците во Индија, додека критичарите сметаат дека тој е дискриминаторски во однос на муслиманите.

Би можело да ве интересира

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија