Во три индиски региони е целосно воспоставено снабдувањето со струја, откако вчера дојде до колапс на системот, од кој беа погодени повеќе од 600 милиони лица, изјави денеска претставник на компанијата за снабдување со електрична енергија.
„Струјата е целосно вратена во три подрачја во северна, источна и североисточна Индија“, истакна шефот на корпорацијата за електрични системи С.К. Суни
Суни нагласи дека инженерите на компанијата во текот на ноќта го отстраниле дефектот во системот.
Три големи мрежи за снабдување со струја имаат дефект вчера во еден час по полноќ по локално време и струјата постепено беше враќања во погодените области.
Оваа криза погоди 20 од 29 држави во Индија, во кои живеат над 600 милиони луѓе, вклучувајќи ги и големите градови како Њу Делхи и Калкута.
Властите најавија покренување истрага за да се утврди причината за дефектот, кој нанесе удар врз имиџот на втората најнаселена земја во светот, која се обидува да заземе важно економско и политичко место во светот.
Преголемата потрошувачка во одредени земји најверојатно е причината за распадот на системот. Индија има голем дефицит на струја, предизвикан со драстичното зголемување на побарувачката, која ги надминува капацитетите на националните произведувачи.