ИНДИЈА: Најголем штрајк на светот

Од:

Индиските трговците одлучија со штрајк и масовни протести да го искажат противењето на владините реформи со кои на познатите трговски синџири ќе им дозволат отворање на мали продавници. Тие се убедени дека тоа ќе биде крај на нивниот бизнис.

Владината одлука само покажува дека повеќе се грижат за странските компании отколку за својот народ. Во овој момент морална би била само оставката на премиерот , велат синдикатите.

Сознанието дека ова е одлична можност да се соберат политички поени, во штрајкот и организирањето на протестите се вклучи и разединетата индиска опозиција.

Левичарските партии и понатаму ќе продолжат да се борат против лошите владини одлуки. Ништо тука не е легално, и секако не оваа одлука, затоа што никој во парламентот не ја потврди, рече Арун Mишра, лидерот на опозицијата.

И додека опозицијата дава поддршка, демонстрантите ги окупираа најважните сообраќајни точки. Речиси пред сите возови формираа жив ѕид. Автопатите се блокирани, на главните градски плоштади пристигнуваат дополнителни полициски засилувања.

Поради можни конфликти, Индиските власти веднаш одлучија дека училиштата нема да имаат настава , а во повеќето јавни институции е дадена инструкција за намалување на работното време.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати