Индија: Деца одбиваат училишен оброк

Од:

Илјадници деца во училиштето го одбиваат училишниот оброк во источна Индија, откако 23 ученици починаа од храна затруена со пестициди.

Резултатите покажаа дека причината за смртта на децата е труење со пестициди, кои биле присутни во училишниот оброк.

Околу 30 деца се сместени во болниците во главниот град на државата Патни и местото Џапра, откако конзумирале храна во која според првите наоди се пронајдени трагови на инсектицид.

Поради тоа илјадниците ученици денес ја фрлаа поделената храна во корпи за отпадоци и одбиваа дури и да ја допрат и покрај молбите и ветувањата на официјалните лица од училиштето.

-Родителите ги предупредиле децата да не јадат од храната која што им се дава на училиште-изјави едно официјално лица за „Франс прес“.

Индиската влада ја организираше една од најголемите училишни програми за исхрана на децата ширум светот, која опфаќа вкупно 120 милиони деца.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати