Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Од:

Најмалку 151 лице загинаа како последица на лизгање на земјиштето во индиската сојузна држава Керала, во областа Вајанад, додека 187 лица се водат како исчезнати, соопштија спасувачите, кои утрово се уште трагаат по жртви под урнатините.

Од синоќа официјалното соопштение беше дека загинале 123 лица. Обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави во една од најпопуларните туристички држави во Индија, што е најголемата природна катастрофа од смртоносните поплави во 2018 година, според Ројтерс.

Повеќето од 350 семејства кои живеат во областа првично не биле свесни за сериозноста на ситуацијата кога се случи лизгањето на земјиштето, а се стравува дека бројот на жртвите е уште поголем бидејќи под урнатините има луѓе затрупани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати

(ВИДЕО) „Пекол“ на денот на изборите во Индија: Луѓе умираат