Индија: 600 лица загинаа во невреме

Од:

Поплавите кои што го погодија северот на Индија однесоа дури 600 животи. Во акцијата за спасување беа ангажирани 63.000 лица, од кои 10.000 војници.

Спасувачката екипа денес успеа да спаси група од 20 планинари, а во акцијата беа вклучени и 50 хеликоптери.

Големите реки однесоа куќи, згради и речиси цели села, уништија мостови и помали патишта.

Министерот за внатрешни работи на Утараканда, Ом Пракаш изјави дека до сега се пронајдени 575 тела, а се стравува дека бројот е многу поголем.

Изминативе денови се спасени и евакуирани повеќе од 34.000 лица, а според непотврдени информации околу 13.000 се водат како исчезнати.

Премиерот, Манмохан Синг соопшти дека владата обезбеди 170 милиони долари како прв пакет помош.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати