Во судир на автобус и камион на северот на Индија загинаа 11 луѓе, меѓу кои седум сватови, пренесе АП.
Според полицијата, повредени се 30 луѓе и тие се сместени во болница во градот Канпур, 220 километри јужно од престолнината Њу Делхи.
Сватовите се превезувале во камионот, но меѓу нив не биле младата и младоженецот кои патувале со друго превозно средство.
Причината за несреќата засега не е позната.
Патиштата во Индија се најсмртоносни во светот и на нив секоја година гинат повеќе од 110.000 луѓе. Најчестите причи на несреќите се невниманието на возачите, лошите патишта и старите возила, наведува американската агенција.