Имиџот на САД се подобрил откако Бајден е претседател

Од:

Меѓународниот имиџ на САД се подобрил по изборот на демократот Џо Бајден за претседател, но останува загриженоста за здравјето на американската демократија. Тоа се резултати од ново истражување.

Извештајот на истражувачкиот центар Пју, кои анкетирале во 16 земји, е објавен додека Бајден е во Европа на својата прва посета во странство како претседател.

САД генерално не беа почитувани во анкетите направени за време на претседателот Доналд Трамп.

Од 12-те анкетирани земји годинава и во 2020-та година, Пју соопшти дека просечно 75 проценти изразуваат доверба во Бајден да ја направи вистинската работа во светските работи, наспроти 17 отсто за Трамп минатата година.

Во Франција, 65 проценти од испитаниците изјавиле дека позитивно ги перцепираат САД што е зголемување за 31 процент од лани.

Слични подобрувања од 25 процентни поени или повеќе се во Германија, Јапонија, Италија, Холандија и Канада.

Другите анкетирани земји – Австралија, Велика Британија, Грција, Јужна Кореја, Шпанија и Шведска – исто така, забележаа пораст во корист на САД.

Во 12 држави каде се правени анкетите во просек 77 проценти го опишале Бајден како добро квалификуван за претседател, во споредба со само 16 проценти кои така мислеа за Трамп.

Според анкетите, 67 отсто се со став дека САД се „многу“ или “донекаде“ надежен партнер, а 57 отсто очекуваат односите д аостанат исти, додека 39 отсто – очекуваат подобрување на односите. Седумнаесет отсто се со став дека демократијата во САД е „добар пример“ за другите држави додека за 57 отсто – „претходно биле добра приме, но не и во изминатите неколку години“. Дваесет и три отсто нагласиле дека американската демократија „никогаш“ не била добар пример.

Анкетите се направени во март и мај во 12 од 16 држави во зависност од прашањата – Австралија, Белгија, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Грција, Италија, Јапонија, Холандија, Нов Зеланд, Сингапур, Јужна Кореја, Шпанија, Шведска и Тајван.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски