По седум дена криење во влажен и темен тунел длабоко во утробата на челичарницата Азовстал во Мариупол додека градот гореше околу него, украинскиот војник Олександр Иванцов бил на работ.
Претседателот Володимир Зеленски им нареди на украинските војници да го положат оружјето и да се предадат по 80-дневен отпор. Но, војникот Иванцов имал други идеи.
„Кога се пријавив за оваа мисија, сфатив дека најверојатно ќе умрам“, се сеќава тој. „Бев подготвен да умрам во битка, но морално не бев подготвен да се предадам“, изјави тој за Њујорк Тајмс.
Знаел дека неговиот план може да звучи малку лудо, но во тоа време бол убеден дека има поголеми шанси да преживее со криење отколку да им се предаде на Русите.
Така, тој направил дупка во ѕидот за да дојде до мал тунел, сокрил неколку залихи и планирал да остане скриен 10 дена, надевајќи се дека дотогаш Русите кои ја презедоа контролата врз уништената фабрика ќе го намалт вниманието по што би можел да се провлече низ урнатините незабележано.
За една недела изел шест лименки пилешко и 10 конзерви сардини и ги испил речиси сите осум шишиња од 1,5 литри вода што ги излачил.
„Се чувствував навистина лошо, бев дехидриран, а мислите ми се мешаа“, рече тој. „Сфатив дека морам да заминам затоа што не можам да живеам таму уште три дена.
Иванцов ја раскажа приказната за неговото бегство од Азовстал во Њујорк Тајмс. Им даде фотографии и видеа од градот и фабриката. Ова го потврдија надредените офицери и медицинскиот персонал, кои раководеа со неговото лекување кога тој пристигна на територијата под контрола на Украина. Сепак, неговата приказна изгледаше толку спорна што украинските безбедносни служби го натераа да направи полиграфски тест за да ги убедат дека не е двоен агент.
Иванцов сè уште се бори за Украина, помагајќи и на единицата за беспилотни летала надвор од урнатиот Бахмут, каде што се потсети на својата приказна едно попладне, пишува NYT. Тој зборуваше неволно, велејќи дека не може да даде детали за да ги заштити украинските војници од Азовстал, кои се уште се држат како воени заробеници, и цивилите на окупираните територии кои му помогнале да избега.
Ивантошв (28) бил илјадници километри оддалечен од Украина кога Русија ја започнала својата инвазија на 24 февруари 2022 година. Работел како поморски безбедносен агент назначен да ги штити бродовите од сомалиските пирати во Аденскиот Залив во близина на Црвеното Море.
Тој рече дека живеел во Мариупол осум години, кога тоа било град кој растел. Се изградија патишта, паркови, ледена палата, базени, спортски сали, рече тој. На 14 март, тој се пријави во Азовскиот полк, поранешна екстремно десничарска група која беше составена од украинската армија и ја водеше одбраната на фабриката Азовстал.
Дотогаш, битката за Мариупол веќе си го обезбеди местото во историјата на војните. Додека Русите го уништуваа градот, илјадници цивили и војници се забарикадираа во сложената мрежа на бункери под фабриката, комплекс приближно двојно поголем од центарот на Менхетен во Њујорк.
Како што украинските сили стануваа сè поочајни, военото раководство во Киев, одлучи да започне храбра операција за прелетување над непријателските линии како поддршка. Иванцов доброволно се пријавил во мисијата, знаејќи дека можеби никогаш нема да се врати.
На 25 март, наспроти сите шанси, неговиот хеликоптер Ми-8 го избегнал рускиот противвоздушен оган и слетал во близина на фабриката, доставувајќи очајно потребни залихи на илјадниците украински војници кои беа заробени таму. Во наредните недели, успеале вкупно седум вакви летови.
Но, тоа не било доволно. Кога Иванцов пристигнал во Азовстал, војниците немале муниција за многу од нивното тешко оружје и биле при крај со противтенковски мини и минофрлачи. Цивилите преживувале со сè помали оброци.
„Имаше доста тешко ранети луѓе кои имаа гангрена“, се сеќава тој. „Таму скапуваа и полека умреа.
И секој ден руската јамка околу Азовстал се стегаше.
На 16 мај, откако стана јасно дека овие украински војници повеќе не се ефикасна борбена сила, Зеленски им нареди да се предадат.
„На сите им ја кажав мојата одлука и пред да заминат, се ракував со секој од нив“, рече тој за своите сонародници, од кои 700 се уште се во руско заробеништво. „Оние што имаа пари ми ги дадоа.
На 20 мај 2022 година, последниот украински војник се предаде, а Иванцов се сокри во тунел. Покрај храната и водата што ги складирал, имал кафе, чај и шеќер, како и душек и вреќа за спиење.
Бидејќи КОВИД сè уште беше многу актуелен, фабриката беше преполна со шишиња со средства за дезинфекција на раце. „Многу добро гори“, рече тој. „Можете дури и да готвите со него.
Како што минувале деновите, некогашните непрестајни громови од бомби што паѓаа на Азовстал беа заменети со вознемирувачка тишина објаснува тој.
Седмиот ден, кога останал без вода, знаел дека мора да замине. Се облекол во цивилна облека, го фрлил оружјето и излегол надвор од фабриката.
Тој исто така истакна дека руските војници кои го контролираат Азовстал не се мачат да ги кријат своите позиции. „Патролите што одеа низ фабриката користеа батериски ламби, зборувајќи гласно“, рече тој.
Иванцов лесно успеал да ги избегне криејќи се под вагоните. Поминаа шест часа, рече тој, а сонцето изгреваше кога стигна до разурнатиот град.
Напуштањето на Азовстал беше само првиот чекор, раскажува Иванцов.
„Планот беше да одам во населбата каде што живеев порано“, се сеќава тој. „Мислев дека ако видам познати лица, ќе побарам помош од нив.
Но, ништо не одело според планот. Градот што тој го знаеше беше збришан од лицето на земјата. Дури и луѓето што ги познавал пред инвазијата биле странци. Не можеше никому да верува.
Тој брзо сфатил дека неговата единствена надеж да избегне апсење е да излезе од градот и да се префрл на запад на територијата под контрола на Украина.
„Секогаш прво гледав да видам дали можам да пристапам, да ја проценам личноста“, рече тој. Немало да преживее без љубезноста на странците кои му помагаа, често изложени на голем ризик.
„Во едно село една старица ми даде вода да пијам од бунар“, рече тој. Имаше и други за кои не сакаше да зборува.
За да стигне на фронтот му биле потребни 18 дена, а зад непријателските линии поминал околу двесте километри. Во тој момент, стапалата веќе му беа крвави, а грбот и колената толку многу го болеле што имл проблеми со одењето.
Ослабел околу 11 килограми. Кога дошол моментот да премине на украинска територија, рече тој, тоа бил чист адреналин.
Размислувал да ја премине реката, која била природна бариера меѓу завојуваните страни, но ја сметал за премногу опасна. Конечно, тој решил само да ги помине последните 15 до 20 километри на копно, низ минските полиња.
„Имав челични нерви, немав емоции, немав мисла, само цел и ладна пресметка“, рече тој. „Така психички се подигнав. Веќе се помирив со мојата смрт“. Но, успеал иако неговата приказна звучела сосема лудо додека се обидувал да ги убеди запрепастените украински војници дека е вистина.
На крајот му поверувале и додека го однеле од фронтот на пат за Киев на лекување и рехабилитација, застанал на бензинска пумпа и купил кафе и хот-дог.
Никогаш не сум вкусил подобар хот-дог, вели тој, ниту пак имал подобро кафе, заклучил тој во својата исповед на NYT.