Илјадници националисти маршираа низ Москва

Од:

Илјадници Руси мрашираа по улиците на Москва извикувајќи „Москва е руски град“, за да ја изразат нетрпеливоста кон имигрантите од Кавказ и Средна Азија.

Националистите сметаат дека Кремљ дава премногу привилегии за доселениците и малцинставата додека етничките Руси се игнорирани и се противат на владините субвенции за кавкаските републики со мнозинско муслиманско население.

Според полицијата на денешниот марш имало околу 6000 луѓе. ИТАР-Тас јави дека 25 лица кои носеле нацистички обележја се уапсени во московското метро.

Истражувањата покажуваат дека половина од Русите чувствуваат нетрпеливост кон имигрантите и доселениците од Кавказ и Средна Азија и најчесто ова движење се поврзува со опозицијата.

Една од најзначајните личности на опозицијата Алексеј Навални, го повика Кремљ да „престане да го храни Кавказ“, посебно Чеченија.

Би можело да ве интересира

Наузеда: ЕУ има краток период за да се подготви за следната фаза на агресија

Макрон: Сега останува на Русија да докаже дека навистина сака мир

Горан Наумовски

Украина: Имаме три многу солидни црвени линии

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск