Илјадници луѓе се собраа денес во Феникс, главниот град на американската држава Аризона, за да присуствуваат на комеморацијата во чест на убиениот американски патриот Чарли Кирк, која ќе се одржи денес на стадионот на НФЛ, со капацитет од 63.000 седишта.
На долгиот список на истакнати функционери и личности кои се очекува да му оддадат почит на убиениот патриот денес се американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс, со силно присуство на безбедносните служби предводени од американската тајна служба.
Многу посетители дојдоа во градот во последните денови за да му оддадат почит на Кирк, оставајќи букети цвеќе, пораки и молитви на спомен-местото пред седиштето на организацијата „Turning Point USA“, која ја основа Кирк, пишува „The New York Times“.