ИКАО објави дека не е во нејзин делокруг да издава предупредувања за опасност

Од:

Меѓународната организација за цивилна авијација (ИКАО) објави дека не е одговорна за издавање на предупредувања за потенцијална опасност, како воени конфликти.

Организацијата нагласи дека тоа е обврска на одделните држави.

Малезискиот министер за транспорт претходно изјави дека ИКАО го затворила воздушниот сообраќај над Источна Украина, по соборувањето на патничкиот авион на „Малезија ерлајнс“.

Во соопштението на организацијата се наведува дека ИКАО нема овластувања да отвора или затвора воздушни коридори.

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран