ИЕА: Светот мора тројно да ги зголеми инвестициите во обновливи извори

Од:

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) денеска соопшти дека светот до крајот на деценијата мора тројно да ги зголеми инвестициите во обновливи извори на енергија ако сака ефикасно да се бори против климатските промени и да го држи под контрола нестабилниот пазар на енергенси.

– Светот не инвестира доволно за да ги задоволи своите идни потреби за енергија. Одвојувањето на средствата за транзиција постепено расте, но не доволно брзо за потребите на се поголемата побарувачка за енергетски услуги на одржлив начин. Потребни се јасни сигнали и насоки од носителите на одлуки. Ако патот пред нас е поплочен само со добра намера, тогаш тоа сигурно ќе биде непријатно возење, се наведува во соопштението на ИЕА.

Агенцијата со седиште во Париз, формирана во 1974 година од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), ова година го објави својот Светски преглед за енергија порано поради Конференцијата за климатски промени ЦОП26, собир што ќе се одржа под покровителство на Обединетите нации следниот месец во Глазгов.

ИЕА ја прогласи Конференцијата „прв тест за подготвеноста на државите да постават нови и поамбициозни цели од Парискиот договор во 2015 година“ и „можност да испрати непогрешлив сигнал што ќе ја забрза транзицијата кон чиста енергија низ целиот свет“.
Изминатите недели цените на енергенсите се зголемија на рекордно ниво низ целиот свет, а Азија, Европа и САД се соочија со недостиг. Исто така расте и побарувачката за фосилни горива бидејќи некои земји ги олеснуваат рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19.

Во 2020 година фосилните горива и природниот гас сочинуваа речиси 80 проценти од светското снабдување со енергија, а обновливите извори само 12 проценти.

Би можело да ве интересира

Премиерот му одговори на Трамп: Не е на продажба

Бајден ги замени смртните казни на 37 осуденици со доживотен затвор пред Трамп да ја преземе функцијата

Познат идентитетот на напаѓачот на пазарот: Газеше луѓе 400 метри

Предраг Петровиќ

Шефот на украинската армија нареди повлекување

(ВИДЕО) Неуспешен обид за импичмент на претседателот: Врие во Јужна Кореја

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Судирите продолжуваат во Грузија, уапсени демонтранти

Предраг Петровиќ