Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека војниците на резервната бригада Харел ја зазеле областа меѓу Беит Ханун и Џабалија на северот од Појасот Газа.
ИДФ соопшти дека израелските војници убиле неколку оперативци на Хамас за време на борбите во областа.
Се нагласува дека е уништена инфраструктурата на Хамас во таа област, вклучително и ракетни фрлачи со долг дострел насочени кон Израел, позиции за лансирање противтенковски ракети, тунели и набљудувачки пунктови, објави „Тајмс оф Израел“.