Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, чија куќа соопштија дека ја опколиле, се крие под земја.
ИДФ додава дека Синвар не може да побегне и дека е само прашање на време кога ќе биде фатен.
Запрашан дали изјавата на Нетанјаху значи дека израелските трупи се приближуваат кон домот на Синвар, портпаролот на ИДФ Даниел Хагари рече дека домот на Синвар е во областа Кан Јунис.
„Синвар не е над земјата, тој е под земјата“, рече Хагари.
Тој додаде дека целта на Израел е „да го убие лидерот на Хамас“.
„Не сакам да елаборирам каде и како и што знаеме во однос на разузнавањето. Не е местото да се зборува за такви работи во медиумите. Наша работа е да го најдеме Синвар и да го убиеме“, додаде Хагари.
Синвар е роден во 1962 година во бегалскиот камп Кан Јунис на јужниот дел на Појасот Газа, а му се придружил на Хамас кога бил основан во 1987 година.