Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари соопшти дека, според информациите на Црвениот крст, двајца израелски заложници биле префрлени во таа меѓународна хуманитарна организација.
„Тие се на пат кон израелска територија. Нивното ослободување е дополнување на листата на киднапирани што треба да биде објавена денеска“, рече Хагари.