Студенти протестираа во Њујорк во знак на поддршка за масовните демонстрации во Турција.
Повеќедневните протести во Турција, поради незадоволството за реновирање на централниот плоштад во Истамбул, прераснаа во антивладини протести, по бруталната реакција на полицијата.
Учесниците на протестот во Њујорк се собраа вчера во Волстрит, во паркот Зукоти, кој при крајот на 2011 година стана центар за собирање на симпатизерите на движењето „Да го окупираме Волстрит“.
Голем број демонстранти во Њујорк носеа облека во бои на турските знамиња и извикуваат на турски „Таип оставка“, исто како и турските демонстранти кои при протестот бараа премиерот Реџеп Таип Ердоган и владата да поднесат оставка.
Елена Георгиевска