И нуклеарките дел од украинскиот проблем?

Од:

Украина има околу 14 гигавати електрична енергија во четири нуклеарни електрани со вкупно 15 реактори. Годишното производство на електрична енергија во нуклеарките изнесува околу 50 отсто од вкупното производство во Украина.

Иако катастрофата во Чернобил е далеку од заборавот, амбициите на Украина за користење користење на нуклеарна енергија се се поголеми (планирано е дупло зголемување на капацитетите до 2030 година). Дел од медиумите во последно време почнаа да го свртуваат вниманието на проблемот со гориво за нуклеарките во Украина. Многу често до сега тоа медиумите го прикажуваат како потенцијал за катастрофа. Колку тоа е (не)основано ќе се обидеме да го прикажеме во текстот.

Основата на потенцијалните проблеми е во тоа што нуклеарките во Украина се со руски дизајн т.н. VVER и користат гориво од Русија. За Украина повеќе е од незавидно во оваа тешка воена состојба да зависи од Русија за гориво за нуклеарките, бидејќи од нив зависи половина земја. Но, тоа не е новост бидејќи Вестингхаус произведува VVER гориво уште од 1997 година. И договорот за соработка за горивото со Украина бил склучен во 2008 година, а минатата пролет бил продолжен до 2020 година. До сега се испорачани 10 полнења на реакторите. Според некои медиуми, новост е дека горивото кое не е од Русија претставува безбедносен проблем и дека неговото користење може да доведе до катастрофа. Драматичноста на ова прашање дополнително е засилена со фактот дека над 30 отсто нуклеарки во Европа, во Унгарија, Чешка, Словачка и Финска, користат нуклеарно гориво од Русија. Прашање е колку има основ во овие катастрофични написи? Јасно е дека нуклеарното гориво не е ни приближно толку едноставно како горивата за други видови на термоелектрани, бидејќи тоа претставува извор на радиоактивност која потенцијално може да ја загрози околината и луѓето.

Нуклеарното гориво може да има разни изведби и во VVER-PWR реакторите е изведено како повеќеметарски низ на цврсти сантиметарски таблети од синтериран ураниумов диоксид, во оклоп од метална кошулица. Таблетите служат за задржување на цврстите, а кошулицата на гасовитите фисибилни радиоактивни продукти. Физичката изведба и спецификацијата на материјалот се разликува меѓу изведбите, но принципот е ист. Нормален погон на нуклеарките толерира мали истекувања на фисибилните продукти, бидејќи се реалност и бидејќи можат континуирано да се отстануваат со филтрирање со разладна вода. Зголеменото истекување на радиоактивноста резултира со прекин на работата за да се идентификуваат и да се заменат оштетените елементи од горивото.

Поради тоа, лесно може да се заклучи дека Вестингхаус помалку е искусен со VVER горивото и можеби нема да биде во состојба во почетокот да испорачува нуклеарно гориво за VVER реакторите на ниво кое го испорачуваат поискусните Руси, така евентуално може да дојде до прекин во работата ако истекувањата бидат над дозволените. Интересно е дека Вестингхаус се фали дека направил дури подобро гориво. Прашање е дали тука има место за катастрофа и страв?

Каков било нуклеарен инцидент, кој резултира со контаминација на околината, се остварува само кога ќе откажат сите три безбедносни функции (запирање на нуклеарната реакција, ладење на нуклеарното гориво и задржување на радиоактивните елементи внатре во заштитната зграда; ако истечат од горивото и реакторските цевки). Со оглед дека ниту една безбедносна функција не може практично да биде загрозена со несоодветно гориво, лесно може да се тврди дека прашањето на производителот на гориво е неважно за нуклеарната безбедност. На пример, за да се загрози спречувањето на фисијата заменското гориво треба да биде на многу поголема температурна чувствителност, а тоа секако претставува најмал проблем во достигнување на погонските спецификации.

Останатите безбедносни функции се уште повеќе независни од фините карактеристики на горивото. Сличноста на VVER и PWR горивото во безбедносна смисла е доволно голема што тој проблем може да се исклучи. Во медиумите е истакната разликата на профилот на горивните шипки, оригиналниот шестоаголен во однос на округлиот код на Вестингхаус, не менува ништо бидејќи со горивото манипулира само кога нуклеарката е исклучена.

Зголеменото потпирање на Украина на Вестингхаус потенцијално може во почетокот да ја намали расположливоста на електраните, но колку е тоа занемарливо во споредба со потенцијалот за нерасположливост на горивата од Русија не е тешко да се заклучи. Да, Украина и светот, во последно време имаат премногу сериозни грижи, но преминот на друг доставувач на нуклеарно гориво сигурно не е некој тежок проблем.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми