ХРВ: Владините сили и ИД користеле хемиско оружје во Сирија

Од:

Силите на сириската Влада и џихадистите од групата Исламска држава (ИД) извршиле неколку напади со хемиско оружје во и околу Алепо во август и септември, наведува во извештај прганизацијата „Хјуман Рајтс Воч“ (ХРВ).

Тие тврдат дека во два кварта во источните делови на Алепо ѓто се под контрола на бунтовниците – Ал Сукари и Забдија, биле фрлени бомби со токсични материи на 6 септември и на 10 август.

Пет лица, меѓу кои три деца, загинале, а десетици биле ранети, се вели во извештајот.

Според ХРВ, тешко е да се дознае каква хемикалија е користена при нападите во Алепо без лабораториски анализи.

ХВР наведува дека „најверојатно е употребен хлор“. Веројатните напади со хемиско оружје на ИД се извршени вон тој град.

Би можело да ве интересира

Хјуман рајтс воч: Повеќе од 100 поранешни припадници на безбедносни сили се убиени или се исчезнати откако талибанците ја презеле власта во Авганистан

Ана Ололовска

ХРВ бара казна за функционери од Сирија и Русија поради напади врз цивили во Сирија

Ана Ололовска

ХРВ: Хрватска не е казнета за незаконско враќање мигранти

Ана Ололовска

ХРВ ја осудува кинеската офанзива против човековите права

Ана Ололовска

Директорот на Хјуман рајтс воч доби забрана за влез во Хонгконг

Ана Ололовска

ХРВ: Етничката дискриминација е клучна пречка во БиХ

Ана Ололовска