ХРВ: Приведени стотици странски работници во Сочи

Од:

Руските власти привеле стотица работници во Сочи каде следната година се одржуваат Зимските олимписки игри. Голем број од нив ги држеле во „незаконски и нехумани услови“, соопшти Хјуман рајтс воч.

Странските работници работеле на изградба на објекти или инфраструктура за ЗОИ во Сочи и приведени се за време на рации по градилиштата, објектите за сместување и на јавни места.

Уапсени се заради наводно кршење на миграциски или работнички закони и пуштени на слобода по неколку часа. Дел од нив останале во притвор една недела без храна и адекватно место за спиење и без право на адвокат, наведува Хјуман рајтс воч. Тие биле приведени за време на рации во почетокот на септември и продолжиле и за време на завршната инспекција на МОК за ЗОИ кои треба да се одржат од 7 до 12 февруари во Сочи.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија