ХРВ: Нема правда за жртвите од хемискиот напад кај Дамаск

Од:

Жртвите на нападот со хемиско оружје во предградието на сирискиот главен град Дамаск, што се случи пред точно една година, се уште не дочекаа казнување на виновниците, соопшти денеска организацијата за заштита на човековите права „Хјуман Рајтс Воч“ (ХРВ).

– Тоа беше најголемиот напад со хемиско оружје откако ирачката Влада употреби хемиски агенси против Курдите во 1988 година. Но, и покрај тоа досега никој не беше повикан на одговорност за нападот кај Дамаск, се наведува во соопштението на организацијата.

На 21 август минатата година беше извршен напад со хемиско оружје врз дамаското предградие Гута, кое беше под контрола на сириските бунтовници.

Властите во Дамаск и бунтовниците меѓусебно си ја префрлаа одготоврноста за нападот, за кој, според ХРВ, „постојат докази што наведуваат на сомнеж дека го извршиле владините сили“.

По овој напад под притисок на меѓународната заедница лани во септември Дамаск се согласи на предавање и уништување на целото свое хемиско оружје.

– Предавањето на хемиското оружје од страна на Сирија не е од никаква помош за жртвите на нападот од пред една година и нивните блиски. Затворање на поглавјето поврзано со сириското хемиско оружје ќе биде можно дури откако ќе бидат повикани на одговорност и казнети оние кои го наредија и извршија нападот во Гута, се нагласува во оопштението на „Хјуман Рајтс Воч“.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка