ХРВ ја осуди употребата на балистички ракети од сирискиот режим

Од:

Балистичките ракети кои сирискиот режим ги користи против бунтовниците, убиваат голем број цивили, вклучително и деца, објави организацијата „Хјуман Рајтс Воч“ по истрагата за истрелување на девет ракети меѓу февруари и јули годинава.

Овие ракети убиле најмалку 215 лица, меѓу кои стотина деца, соопшти „Хјуман Рајтс Воч“, откако ги посетиле седум од деветте места, кои биле цел на ракетен напад.

– Политиката на воените команданти не би требало да предвидува користење на балистички ракети во реони со цивилно население, соопшти организацијата.

Честата употреба на такви ректи во населени места силно наведува на мислата дека армијата свесно користи воени техники, кои не прават разлика меѓу мирни и завојувани граѓани, а тоа е тешко кршење на меѓународното право, наведува „Хјуман Рајтс Воч“.

Повикувајќи се на извештај на Меѓународниот институт за стратешки истражувања, организацијата наведува дека сириската армија располага со ракети „Скад“, „СС-21“ и „Луна- М“.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија