ХРВ: Да се исфрли од употреба противпешадиското оружје

Од:

Организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) ја повика Германија и канцеларката Ангела Меркел да преземат водечка улога во кампањата која оваа група ја води за исфрлање од употреба на противпешадиско оружје во областите каде живее цивилно население.

ХРВ наведува дека украинските безбедносни сили и проруските бунтовници неколку пати ги загрозиле животите на цивилите во источниот дел од земјата, користејќи касетни бомби и ракети од типот „град“.

Организацијата, чие седиште се наоѓа во САД, своето соопштение го упати до германската канцеларка, која утре во Берлин треба да се сретне со украинскиот премиер Арсениј Јацењук.

– Германија, како важен украински сојузник, има посебна одговорност да се погрижи украинското раководство активно да ги извршува обврските кои се однесуваат на почитување на законите и обичаите за војување и заштита на цивилите, изјави Рејчел Денбер од ХРВ.

Би можело да ве интересира

Милиони загрозени, се повеќе настрадани во Флорида

Предраг Петровиќ

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Русите: Ја презедовме контролата

ВИДЕО: Нападнат Виктор Орбан

„Ако Трамп изгуби, јас сум нае*ал“

Предраг Петровиќ

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“