Хоспитализирана членката на групата „Пуси Рајот“ Марија Алохина

Од:

Пејачката од руската панк група „Пуси Рајот“ Марија Алохина, која се наоѓа во затвор и штрајкува со глад, денеска е хоспитализирана.

Марија Алохина, која веќе седум дена штрајкува со глад, пренесена е во болничкото одделение на затворот во уралскиот град Березники, соопшти нејзиниот сопруг Пјотр Верзилов.

Алохина стапи во штрајк со глад во средата откако беше одбиено нејзиното барање да присуствува на разгледувањето на барањето за пуштање на слобода пред истекот на двегодишната затворска казна.

Трите членки на бендот Алехина, Надежда Толоконикова и Екатерина Самутсевич минатата година беа осудени на затворска казна за хулиганство и поттикнување на верска омраза поради перформансот против Владимир Путин во московската катедрала „Христос Спасител“ во февруари 2012 година.

Судењето на руската панк група го привлече вниманието на светската јавност, а голем број ѕвезди како Мадона, Стинг и Јоко Оно им дадоа поддршка.

Би можело да ве интересира

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Москва: Принудувањето на Русија на мир во Украина ќе биде фатална грешка

Горан Наумовски

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Севернокорејските војници одат на линијата на фронтот во Русија

Горан Наумовски

Над 20 повредени во руските напади врз Харков, меѓу нив и пет деца