Хонгконг прогласен за најслободна економија во светот 19-та година по ред

Од:

Хонгконг 19-та година по ред е прогласен за наслободна економија во светот, се наведува во резултатите од годишното истражување што го прави американската фондација „Херитиџ“ и весникот „Волстрит џурнал“.

Според „индексот за економска слобода“, Хонгконг доби 89,3 индексни поени од можни 100. Некогашната британска колонија, која по преминувањето под кинеска јурисдикција под формулата „една земја – два системи“, задржа многу поволни услови за правење бизнис.

Македонија е на 43-то место, од вкупно 177 земји опфатени со истражувањето, со 68.2 индексни поени.

Од земјите во регионот Бугарија е на 60-то место со 65 индексни поени, последна во групата земји, чии економии се оценети како „умерено слободни“.

Албанија е на 58-то место со 65.2 поени, Романија на 59-то со 65.1 поени, Србија на 94-то место со 58.3 индексни поени. Босна и Херцеговина е на 103-то место со 57.3 индексни поени.

На второ место во рангирањето со 88 точки е Сингапур. Меѓу петте лидери кои имаат над 80 точки се исто така Австралија, Нов Зеланд и Швајцарија. Следуваат Канада, Чиле, Маурициус, Данска и САД. Континентална Кина е на 136-то место, а Русија на 139-то место од вкупно 177 земји опфатени со истражувањето.

Последните три места припаѓаат на Еквадор, Аргентина и Украина.

Рејтингот се определува врз основа на оценки по десет основни категории, кои го земаат предвид степенот на економската и трговската слобода, отвореноста за инвестиции, мешањето на државата во економијата, како и факторот корупција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски