Холандскиот министер за финансии Јерун Дајселблум ја објави денеска својата кандидатура за шеф на Еврогрупата.
– Сакам да ве известам дека утре ќе поднесам официјална кандидатура, рече Дајселблум за време на разговорите со актуелниот шеф на Еврогрупата Жан Клод-Јункер.
Холандскиот министер за финансии, кој е член на Лабуристичката партија, во последните неколку недели се појави како кандидат за таа функција, но официјално не ја објави својата кандидатура.
Четириесет и шестгодишниот Дајселблум има само два месеци министерско искуство, а на функцијата нареден шеф на Еврогрупата би можел да биде именуван во понеделник, кога се одржува состанокот на министрите за финансии на еврозоната.