Уште еден Холанѓанец кој доброволно се приклучил на украинските одбранбени сили загинал на бојното поле, соопшти холандското Министерство за надворешни работи, пренесува холандскиот јавен сервис НОС.
Холандскиот војник, чие име не е откриено, се борел во Меѓународната легија, а на 20 мај загинал во битките кај Часов Јар, северно од областа Доњецк, а неговото тело било вратено во татковината.
Ова е трет холандски доброволец убиен во акција за време на руско-украинската војна. Министерството за надворешни работи на Холандија наведува дека нема точни податоци колку државјани на Холандија се борат во Украина, ниту колку загинале.