„Хјуман рајтс воч“: Сирија користела хемиско оружје во април

Од:

Организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ соопшти денеска дека располага со „силни докази“ за користење на хемиско оружје од сириската армија во реони контролирани од бунтовници минатиот месец.

Според „Хјуман рајтс воч“, силите на претседателот Башар ал Асад веројатно употребиле гас хлор во три градови во северниот дел на Сирија во средината на април.

Организацијата ги заснова своите тврдења на разговори со очевидци, видео записи и снимки.

Соопштението на „Хјуман рајтс воч“ ја засилува загриженоста дека сириските власти продолжуваат да користат хемиско оружје.

Во хемиски напад во август беа убиени стотици мирни жители.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија