Хјуман рајтс воч ги обвини сириските Курди за нарушување на човековите права

Од:

Меѓународната организација за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч ги обвини за злоупотреба и нарушување на човековите права курдските власти, кои управуваат со три области во североисточна Сирија.

Според организацијата, партијата Курдски демократски сојуз извршувала самоволни апсења на политички противници, измачувала противници кои се наоѓале во затвор и ги игнорирала случаите на убиства и киднапирање во регионите кои што се под нејзина контрола.

Хјуман рајтс воч, чие седиште се наоѓа во Њујорк, објави денеска документи и за користење на деца во полициски и други вооружени сили кои се под контрола на Курдскиот демократски сојуз.

Курдите се најголема етничка група во Сирија. Курдскиот демократски сојуз е поврзан со турската Курдска работничка партија која се бори за автономија на областите во југоисточна Турција, кои се населени главно со Курди.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад