„Хјуман рајтс воч“ апелира да престане врбувањето на деца војници во Сирија

Од:

Организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ ги повика сириските бунтовници да престанат да врбуваат деца за учество во воените дејствија и ги предупреди финансиерите дека можат да бидат судени за воени злосторства.

Во извештајот на „Хјуман рајтс воч“ – „Можеби ќе живеам можеби ќе умрам: Собирањето и користењето на деца од вооружените групи во Сирија“ се истакнува дека бунтовниците во борбите користат 15-годишни деца.

– Екстремистичките групи како Исламска држава во Ирак и Левантот врбуваат деца кои ги користат за опасни задачи, вклучително и самоубиствени мисии, се посочува во извештајот.

Покрај ИДИЛ, деца користат и Слободна сириска армија, Исламски фронт, Фронтот „Нусра“ и курдските сили, кои врбуваат и девојчиња. Во истражувањето не се опфатени провладините милиции.

Бројот на деца војници не е познат, но според невладините организациии во Сирија од септември 2011 годиниа загинале 194 деца, кои не биле цивили.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија