Извадена неексплодирана граната од градите на украински војник: Операција што ќе биде запишана во медицинските учебници

Од:

Украински војник закрепнува по успешната операција, при што му била извадена неексплодирана граната од градите, соопштија властите од Киев.

Хирурзите ја извадиле гранатата, која се наоѓала веднаш под срцето на повредениот војник.

На операцијата присуствуваа двајца деминери, кои се погрижија внимателно да се ракува со експлозивната направа, изјави заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малијар, која на интернет објави фотографија од рендген, на која се гледа граната во телото на војникот.

Воените лекари извршија операција, при што од телото на војникот извадија граната VOG, која, за среќа, не експлодира“, напиша таа на „Фејсбук“, пренесува „Гардијан“.

Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашенко, изјави дека тимот деминери ја неутрализирале гранатата и посочил дека станува збор за операција што „ќе биде запишана во медицинските учебници“.

Постапката беше изведена без употреба на електрокоагулација – вообичаен метод за контролирање на крвавењето за време на операцијата – „бидејќи постоеше можност гранатата да експлодира во секој момент“, рече Малијар.

„Неексплодираниот дел од граната е отстранет од областа под срцето“, напиша Герашченко на „Телеграм“.

„Нашите лекари никогаш претходно немале слична операција“, вели тој.

„Пациентот роден 1994 година е испратен на рехабилитација и неговата состојба е стабилна“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците сами се виновни за цивилните жртви

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ненадеен потег на Украина: Уапси моќен олигарх, му постави огромна кауција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Градинката урната по хеликоптерската несреќа: Искршени прозорци, соби и ходници во рушевини, чад и прашина насекаде

А1он

Медведев: Денешните напади врз Киев се само прва епизода, ќе има и други

А1он

Ердоган: Вечерва ќе разговарам со Путин за Украина

(ВИДЕО) Герашенко: Ова село имаше 500 жители – сега има нула, погледнете го степенот на уништувањето

А1он