Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенов изјави дека руските сили презеле целосна контрола врз целата територија на област Херсон, јужна Украина.
Според руското Министерство за одбрана, руските сили собори шест беспилотни летала Бајрактар ТБ-2 во изминатите 24 часа.
Се претпоставува дека Русија би можела да организира референдум во Херсон, во обид да ја легитимира областа како отцепена република, како што се случи во Донецк и Луганск.
Извор: МИА