Хеликоптер со 22 лица исчезна во Камчатка

Од:

Хеликоптерот Ми-8 исчезна во Камчатка, на далечниот исток на Русија, соопштија властите.

Според прелиминарните информации, во хеликоптерот има 22 лица – 19 патници и тројца членови на екипажот, соопшти прес-службата на руската Федерална агенција за воздушен транспорт, пренесува Интерфакс.

Хеликоптерот не слетал на својата дестинација во закажаното време, а контактот со леталото е изгубен.

Службите за итни случаи за Интерфакс изјавиле дека хеликоптерот летал меѓу вулканот Вачкажец и селото Николајевка кога изгубил контакт. Уште еден хеликоптер Ми-8 полета во потрага по исчезнатиот авион.

Би можело да ве интересира

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Русија: Не може да го прифатиме сегашниот мировен договор на претседателот Трамп

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски