Хелетеј: Украинскиот воен транспортер е соборен со ракета истрелана веројатно од руска територија

Од:

Украинскиот министер за одбрана генерал-полковник Валериј Хелетеј денеска изјави дека воено-транспортниот авион „Ан-26“, што учествуваше во воената операција врз проруските сепаратисти во источниот дел на Украина, бил соборен од ракета што веројатно била истрелана од руска територија, пренесоа британските медиуми.

Изјавата на украинскиот министер е објавена на интернет сајтот на украинското претседателство. Во неа, Хелетеј посочува дека екипажот на леталото, сепак, успеал да воспостави контакт со Генералштабот на украинските Вооружени сили, посочуваат светските агенции.

Министерот, меѓутоа, ништо не кажува за евентуални жртви, дополнуваат агенциите.

Претходно денеска проруските сепаратисти информираа дека во Луганската област собориле два украински воени авиони, потсетуваат британските медиуми.

Извор од страната на проруските сепаратисти изјави дека на небото при паѓањето на воениот транспоретр биле видени падобранци.

Во изјавата на Хелетеј се појаснува дека воениот транспортер летал на височина од 6.500 метри, дополнуваат американските медиуми. Според него, тоа е преголема височина за да може авионот да биде погоден од орудијата употребувани од проруските сепаратисти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми