Харвард го одби предлогот на Трамп да биде нов советник за национална безбедност

Од:

Вицеадмиралот Роберт Харвард го отфрли предлогот на претседателот на САД Доналд Трамп да ја заземе функцијата советник за национална безбедност.

Харвард го доби предлогот по разрешувањето на Мајкл Флин во понедeлникот, откако се дозна дека не му пренел „целосни информации“ на потпретседателот Мајк Пенс за контактите со рускиот амбасадор во САД.

– Тоа е целосно личен избор. По 40 години во армијата сега имам уникатна можност да се радувам на мојот приватен живот, рече Харвард, кој е поранешен заменик-командант на американската Централна команда (Сентком).

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата