Палестинската милитантна група Хамас тврди дека најголемата болница во Газа, Ал Шифа, сега е под контрола на израелските сили.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска започнаа напад врз Ал Шифа, откако го обвинија Хамас дека оперира од тунелите под огромниот болнички комплекс, што милитантната група и болничките службеници постојано силно го негираа, објави Си-Ен-Ен.
– Сметаме дека израелската окупација е целосно одговорна за животите и безбедноста на медицинскиот персонал, ранетите, болните, предвремено родените деца и раселените лица – објави канцеларијата за медиуми на Хамас.