Хамас: Обвинувањата дека ја користиме болницата за воени операции се евтина пропаганда

Од:

Палестинската милитантна група Хамас ги отфрли тврдењата на израелската армија (ИДФ) дека пронашла „конкретни докази“ дека болницата Ал Шифа во Газа се користела за воени операции, нарекувајќи ги „евтина пропаганда“.

„Обвинувањата не се ништо повеќе од продолжување на лагите и евтината пропаганда со која Израел се обидува да го оправда своето злосторство насочено кон уништување на здравствениот систем во Газа“, се вели во соопштението на Хамас.

Се додава дека обвинувањето на Израел е „истата глупост што беше изречена за време на нападот на детската болница Рантиси во Газа“, кога ИДФ го обвини Хамас дека ја користи болницата како команден центар

Белата куќа претходно соопшти дека има докази дека палестинската милитантна група Хамас ја користи болницата Ал Шифа за своите воени операции.

„Имаме информации кои потврдуваат дека Хамас ја користи таа конкретна болница за команда и евентуално складирање оружје“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху за планот на Трамп за Газа: Тоа може да ја промени историјата

Трамп: САД сакаат да го заземат Појасот Газа

Хамас: Почнуваат нови преговори за ставање крај на војната во Газа

САД: Нема гаранција дека примирјето во Газа ќе се одржи

Повеќе од половина милион раселени Палестинци се враќаат во северниот дел на Газа по 15 месеци

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници