Најмалку 195 Палестинци се убиени во два израелски воздушни напади врз бегалскиот камп Џабалија во Газа вчера и завчера, соопшти канцеларијата за медиуми на Хамас. Околу 120 се уште се водат како исчезнати под урнатините, а најмалку 777 други се ранети, се вели во соопштението на канцеларијата.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека вчера го нападнале и го убиле Мухамед Асар, командантот на противтенковската ракетна единица на Хамас.
ИДФ соопшти дека цел на нападот било да го убијат Ибрахим Биари – клучниот командант на Хамас поврзан со нападот на групата врз Израел на 7 октомври, кој, како што рече, со своите борци зазеле цивилни згради во градот Газа.
Вчера, канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека израелскиот воздушен напад врз кампот Џабалија во вторник може да биде воено злосторство.