Хамас: Израел ќе ја плати цената за агресијата врз Појасот Газа

Од:

Портпаролот на милитантното крило на палестинскиот Хамас, Абу Обеид денеска изјави дека Израел ќе ја плати цената на агресијата врз Појасот Газа.

„Единствената цел што израелската армија ја постигна се злосторствата и масакрите што ги направи пред целиот свет. Непријателот нема да добие ни ден ни час за смиреност. Тој ќе ја плати цената на својата агресија“, рече Обеида на прес-конференција, пренесува Ал Џезира.

Тој додаде дека борците на Хамас уништиле 160 израелски воени возила во последните неколку недели.

„Израелската армија се соочува со жесток отпор и поради тоа се водат жестоки судири. Нашите борци го изненадуваат непријателот. Тие ги уништуваат нивните тенкови“, рече Обеид.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас