Индонезиската болница во Газа е претворена од медицински центар во „масовна гробница“, соопшти денеска портпаролот на министерството под контрола на Хамас, Ашраф ал Кудра, пренесе Си-Ен-Ен.
Повикувајќи се на персоналот на болницата, портпаролот рече дека има трупови во сите одделенија и дека многу животи се изгубени поради недостиг на залихи.
„Пред мртовечницата има 60 тела“, рече Ел Кудра, додавајќи дека тие ќе бидат погребани во дворовите во болницата.
Си-Ен-Ен исто така јавува, повикувајќи се на својот известувач кој се наоѓа во болницата дека ситуацијата во таа институција е многу тешка.