Хамас го ракетираше Тел Авив, погодена е зграда, има повредени

Од:

Дани Гева, официјален претставник на Тел Авив изјави дека четири лица се повредени откако ракета погодила четирикатна станбена зграда во градот.

Гева изјави дека две лица се здобиле со повреди со средна тежина, а двајца полесно, пишува Би-Би-Си.

„Немаме толку многу жртви бидејќи луѓето ги следеа упатствата. Кога се огласија сирените, тие го напуштија станот и отидоа во прифатилиштата. Така беа спасени животи“, рече тој.

Одговорноста за нападот ја презеде бригадата Ал Касама на Хамас.

„Бригадите Ал Касам повторно истрелаа ракети кон Тел Авив како одговор на ционистичките масакри врз цивили“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Повеќе од половина милион раселени Палестинци се враќаат во северниот дел на Газа по 15 месеци

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Хамас: Бројот на загинати во Газа се искачи на 47.283, тела се наоѓаат под урнатините

А1он

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Главни точки од договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас

А1он

Израел го потврди историскиот мир во Газа