Хамас го потврди убиството на еден од своите клучни команданти

Од:

Израел го таргетираше Изедин ал-Хадад, шефот на вооруженото крило на Хамас во Газа, во напад во кој загинаа седум лица.

Хамас го потврди убиството на ал-Хадад, шефот на вооруженото крило на оваа палестинска група во Газа, во израелски напад што се случи еден ден претходно, пишува Ал Џазеира.

Во соопштението, Хамас го осуди „предавничкото и кукавичко убиство“ на ал-Хадад од страна на Израел, кој ги предводеше бригадите Ал-Касам.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац изјавија вчера дека израелските сили го таргетирале и го убиле ал-Хадад, нарекувајќи го „еден од архитектите“ на нападите од 7 октомври 2023 година.

Од друга страна, Хамас изјави дека ал-Хадад бил убиен заедно со неговата сопруга, ќерка и други палестински цивили во петокот навечер.

Израелските напади биле насочени кон населбата Римал западно од градот Газа.

Тројца Палестинци биле убиени во напад врз цивилно возило, додека други четворица биле убиени во напад врз зграда, според медицински извори. Меѓу загинатите има три жени и едно бебе, изјавија извори за Ал Џезира. Десетици други лица се ранети.

Би можело да ве интересира

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа

Кушнер и Нетанјаху четири часа разговараа за Газа, САД сакаат да го тестираат Хамас

Нетанјаху одобри реконструкција на дел од Појасот Газа кој не е под контрола на Хамас

Трамп: Заканата од Газа нема да се повтори, постигнат е договор за разоружување

Горан Наумовски

Хамас избра нов лидер

А1он

Алакбаров: Хамас ги попречува испораките на хуманитарна помош во Газа