Хамас е подготвен да ги ослободи цивилите: Заложниците може да му бидат предадени на Иран

Од:

Хамас е подготвен да ги ослободи цивилните заложници, изјави шефот на иранската дипломатија Хосеин Амир-Абдолахиан на седницата на Генералното собрание на ОН, повикувајќи ги ОН да го поддржат ослободувањето на 6.000 Палестинци кои се наоѓаат во израелските затвори.

Според претходните изјави на „Ел Мајадин“, со седиште во Либан, заложниците би можеле да му бидат предадени на Иран со посредство на Турција и Катар.

Од друга страна, портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари изјави дека армијата ќе продолжи со „копнени операции во ограничен обем“ во Појасот Газа, откако синоќа изведе таква операција во која учествуваа пешадија и тенкови.

Хагари рече дека ваквите акции ќе бидат спроведени подоцна вечерва и дека тие „ќе продолжат со поголема сила и во наредните денови“.

Тој изјави дека израелската армија изведува „масивни напади од воздух и од море“ во Појасот Газа.

„Целта е да се елиминираат терористите, да се подготви теренот, да се отстранат експлозивите за да бидат подготвени за следните чекори“, рече Хагари, пренесоа израелските медиуми.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека граѓаните на Израел, што се однесува до конфликтот со Хамас, мора да се подготват за долга борба.

– Го подготвуваме теренот за продолжување на кампањата, ќе следат нови фази, изјави Галант, наведувајќи дека копнената операција ќе се одвива, пренесе „Харец“.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас