Сајтот на руската вселенска Роскосмос се најде на мета на хакерски напад откако објави сателитски фотографии на НАТО „центарот за одлучување“, соопшти шефот на прес службата Дмитриј Стругоцев. За разлика од нападите што се случиле во март и во април, овој напад не бил од странство туку од рускиот град Екатеринбург.
Руската вселенска Роскосмос соопшти вчера географски координати на воени штабови на западни држави вклучително и Пентагон и место на одржување на актуелниот самит на НАТО со предупредување дека западните сателитски оператори работат за непријателот на Русија – Украина.
Цел конгломерат на приватни и државни орбитални групации сега работат само за нашиот непријател, предупреди Дмитриј Рогозин, шеф на Роскосмос во интервју за руски медиуми.
Извор: МИА