Хајнц Фишер ја напушти претседателската функција без да биде избран негов наследник

Од:

Хајнц Фишер денеска го заврши вториот мандат како претседател на Австрија, но не ја предаде должноста бидејќи изборите во мај за негов наследнил беа пропратени со низа нерегуларности.

Тој во говорот пред Парламентот упати апел против популизмот и ксенофобијата.

– Нашата политика кон бегалците треба да се одликува со разум и човечност. Не е доволно да го имаме само едното без другото, посочи 77-годишен социјалдемократ.

Австрискиот Уставен суд минатата недела ги поништи резултатите од претседателските избори на кои поранешниот лидер на Зелените, Александар ван дер Белен освои минимален број гласови пред ултрадесничарскиот пратеник Норберт Хофер.

Нови претседателски избори ќе се одржат на 2. октомври, а дотогаш функцијата претседател ќе ја извршуваат тројцата претседатели на австрискиот Парламент, меѓу кои е и Хофер.

Фишер стана претседател на Австрија во 2004 година, а претходно беше министер за наука и претседател на Парламентот. 

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски