Хагари: Израелските сили го користат примирјето за да се подготват за следната фаза

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) го користат четиридневниот прекин на огнот со палестинското милитантно движење Хамас за да ја подготват следната фаза од својата операција во Појасот Газа, изјави денеска портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари.

„За време на Денот на примирјето, ИДФ ќе ја заврши подготовката и подготвеноста за следните фази од војната“, рече Хагари на редовниот брифинг со новинарите.

По денешното ослободување на 13 израелски и 11 странски заложници, тој изјавил дека на сите им била извршена медицинска евалуација и дека нивните животи не се во опасност.

Хагари додаде дека враќањето на заложниците е „морална должност“ на Израел и дека „не смееме да заборавиме дека секој од нив сè уште има член на семејството или роднина кој е убиен или е во заробеништво во Газа“.

Во врска со договорот за прекин на огнот со Хамас и дополнителните заложници кои се очекува да бидат вратени во наредните денови, Хагари рече дека ова е само почеток.

„Ние сме на почеток на процесот и се подготвуваме да продолжиме со спроведувањето на договорениот план за враќање на заложниците“, изјави портпаролот на ИДФ.

Би можело да ве интересира

Во Газа досега загинале 34.596 луѓе

Израелците пукаа кон границата со Египет, неколкумина шверцери се ранети

Израел приведе 15 лица на Западниот Брег, меѓу кои и деца

Лазарини: За шест месеци во Газа се убиени повеќе деца отколку во светот за четири години

Премиерката на Северна Ирска: Геноцидот во Газа мора да престане

Израелските војници убија двајца вооружени Палестинци на окупираниот Западен Брег