Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ги повика израелската влада и Хамас да постигнат договор за прекин на огнот во Појасот Газа, додека преговорите за нов привремен прекин на огнот продолжуваат во Каиро.
„За доброто на луѓето во Газа, за доброто на заложниците и нивните семејства, за доброто на регионот и светот“, рече Гутереш на платформата Х.
Според медиумите, преговорите со делегацијата на Хамас започнале во понеделникот во Каиро.