„Гугл“ му ја блокира социјалната мрежа на Доналд Трамп

Од:

„Гугл“ објави дека нема да ја дистрибуира Truth Social – социјалната мрежа на поранешниот американски претседател Доналд Трамп – преку својата продавница „Плеј“ додека содржината што повикува на насилство не се отстрани од мрежата.

Оваа година Truth Social разви андроид-верзија на апликацијата и поднесе барање до „Гугл“ за дистрибуција преку „Плеј стор“.

„Гугл“ по стандардниот процес на прегледување на апликацијата, го одби барањето и рече дека мрежата содржи насилна содржина.

Забраната значи дека корисниците на „Андроид“, кои сочинуваат повеќе од 40 отсто од сите корисници на паметни телефони во САД, не може да ја преземат апликацијата.

„Ројтерс“ објави дека Truth Social ја призна одлуката на „Гугл“ и рече дека работи на решавање на проблемот.

Trump Media & Technology Group (TMTG), кој е сопственик на Truth Social, рече дека тие континуирано работат на усогласување на апликацијата со правилата на „Гугл“ и дека промените нема да го загрозат ветувањето на апликацијата дека ќе биде засолниште за слободен говор.

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Трамп: Русија треба да се размрда

А1он