Гугл почна со нова кампања за да поттикне власти во голем број држави на легализација на хомосексуални бракови.
Иницијативата Legalize Love, почна во Полска и Сингапур, и ќе биде фокусирана на места со изразена хомофобична култура каде постојат анти-геј закони.
Марк Палмер Еџкамб од Гугл ја објаснува причината за покренувaње на кампањата: Сакаме на нашите LGBT вработени во „надворешниот“ свет да имаат исти третман како и во нашите канцеларии. А, тоа е многу амбициозна желба. Имавме ситуации каде во одредена држава не можевме да вработиме најдобра личност за одредена работа поради такви проблеми“.
Тоа не е првпат Гугл да изразува поддршка за истополни бракови и за Свети Валентин беше објавен Doodle кој вклучуваше промоција на љубов меѓу лица од ист пол. зш/8:04